بالعربية Čeština Auf Deutsch En français στα ελληνικά In English In italiano Bi Kurdî на македонскиIn het Nederlands Po polsku Em português Română По-русски En español Türkçe’si Tamazight På svenska
- Енергетски пресврт до 2025 год.: со соларни уреди на сите соодветни градски кровови и 100% еколошка струја за сите градски институции.
- Помобилно општество: Во 2030 год. осум од десет патишта ќе ги користиме пеш, со велосипед, со автобус или со воз. Уделот на сообраќајот со велосипеди во 2025 год. ќе зафаќа веќе 25%!
- 10 зелени жили за живот: улици без автомобили во сите градски општини – простори за подобар животен квалитет!
- Решено станбено прашање за сите: градот ќе откупува земјиште со цел да се осигура користењето во согласност со јавното добро и јавниот развој!
- Повеќе зеленило, повеќе вода, помалку асфалт: нови зелени површини, зелени фасади и кровови – за сеопфатна заштита на биолошките видови со помош на „климатски оази“!
- Поатрактивен јавен сообраќај: Ќе се преполови цената за билет и ќе се подобри тактот на возење – и за вечерните часови како и за викенди!
- Учество на деца и младинци: Треба поинтензивно да бидат вклучени телата кои ги претставуваат децата и младинците! Право на говор на Советот за младинци во Дизелдорф во градското собрание!
- Борба против расизмот: Со нова служба за борба против дискриминација која ги советува граѓаните и го истражува расизмот!
- Поддршка за граѓани без дом: можности за преноќевање за итни случаеви како и понатамошно обезбедување на нови простории!
- Унапредување на културата: понатамошни инвестиции во градби за културата, ќе се создадат простори за културата како и финансиска поддршка на културните работници.