بالعربية / Čeština /Auf Deutsch / En français / στα ελληνικά / In English / In italiano / Na hrvatskom / Bi Kurdî / на македонски / In het Nederlands / Po polsku / Em português / Română / По-русски / En español / Türkçe’si / Tamazight
- Се бориме против десничарски екстремизам, непријателство спрема човештвото и расизам против заедничкото секојдневие. Заради тоа бараме да се воведе посебна служба против дискриминација.
- Ги поддржуваме иницијативите на Советот за интеграции на ниво на федералната држава (Landesintegrationsrat) да се прошири правото за гласање на комунално ниво и за странски државјани кои не потекнуваат од Европската Унија. Понатаму, ја поддржуваме иницијативата да се воведе генерално за сите двојното државјанство.
- Бараме заштита за современите „работници-талкачи“ и обезбедување на човечки услови за работа и живот.
- Ги повикуваме училиштата во Дизелдорф да го воведат вториот мајчин јазик на учениците кои растат и комуницираат билингвално како втор предмет по странски јазик.
- Ја поддржуваме реализацијата на „Куќата на културите“, каде што различните култури во Дизелдорф ќе го имаат своето катче за среќавање.
- Сакаме да го осигураме долгорочното финансирање на мигрантските организации кои нудат професионална работа.
- Ја повикуваме градската администрација понатаму да се отвара на интеркултурното поле. Ја повикуваме администрацијата да се обраќа директно да граѓанки и граѓани со мигрантско потекло и да го зема во предвид нивното вработување.
- Од градот бараме лесна, разбирлива и повеќејазична комуникација која допира до сите луѓе.
- И понатаму се заложуваме за хуманитарна политика на локално ниво, која размислува долгорочно и ги прифаќа бегалците од самиот почеток како дел од нашето општество.