Das Programm der GioL 2020 auf Mazedonisch بالعربية / Čeština /Auf Deutsch / En français / στα ελληνικά / In English / In italiano / Na hrvatskom / Bi Kurdî / на македонски / In het Nederlands / Po polsku / Em português / Română / По-русски / En español / Türkçe’si / Tamazight Се бориме против десничарски екстремизам, непријателство спрема човештвото и расизам против заедничкото секојдневие. Заради тоа бараме да се воведе посебна служба против дискриминација. Ги поддржуваме иницијативите на Советот за интеграции на ниво на федералната држава (Landesintegrationsrat) да се прошири правото за гласање на комунално ниво и за странски државјани кои не потекнуваат од Европската Унија. Понатаму, ја поддржуваме иницијативата да се воведе генерално за сите двојното државјанство. Бараме заштита за современите „работници-талкачи“ и обезбедување на човечки услови за работа и живот. Ги повикуваме училиштата во Дизелдорф да го воведат вториот мајчин јазик на учениците кои растат и комуницираат билингвално како втор предмет по странски јазик. Ја поддржуваме реализацијата на „Куќата на културите“, каде што различните култури во Дизелдорф ќе го имаат своето катче за среќавање. Сакаме да го осигураме долгорочното финансирање на мигрантските организации кои нудат професионална работа. Ја повикуваме градската администрација понатаму да се отвара на интеркултурното поле. Ја повикуваме администрацијата да се обраќа директно да граѓанки и граѓани со мигрантско потекло и да го зема во предвид нивното вработување. Од градот бараме лесна, разбирлива и повеќејазична комуникација која допира до сите луѓе. И понатаму се заложуваме за хуманитарна политика на локално ниво, која размислува долгорочно и ги прифаќа бегалците од самиот почеток како дел од нашето општество.